Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција тежнее да формира „безбедна зона“ во Сирија, по воената операција во градовите Рака и Манбиј.
Ердоган истакна дека тоа би требало да се случи откако припадниците на Исламската држава ќе бидат протерани од ал-Баба, во соработка со коалицијата предводена од САД.
Се наведува дека, Ердоган при говорот во Бахраин нагласил дека е планирано „безбедната зона“ да опфати област од најмалку 4.000 до 5.000 километри квадратни, а да подразбира и забрана за летови.