Објавена книгата со драми „Тврдина“ на Сашо Огненовски

Од:

Книгата „Тврдина“ на Сашо Огненовски, која содржи два драмски текста: „Тага“ и „Тврдина“, ја објави Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје.

Во книгата е објавен и поговор од академик Владимир Костов.

Сашо Огненовски (1964) е актер, режисер и писател. Во 1987 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Одиграл повеќе од сто улоги на сцената на Народниот театар од Битола. Во 2002 година магистрира на тема од областа на комуникациите и медиумите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.

Автор е на книгите „Лавина“ (1995), „Плодовите на пеколот“ (2014), „Пустински цвет“ (2015), поетски збирки „Обична бајка“ (2002) и „Волшебниот компас“ (2011), пиеси за деца „Тага“ (2012), драма монографијата за актерот Ацо Ѓорчев (2010), како и научната книга „Режисерската семантика на Владимир Милчин“ (2002).

Би можело да ве интересира

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон