СДСМ: Заврши времето на тендерите на Тодоров!

Од:

„Тетовската болница, како и сите други здравствени установи во Македонија ќе имаат достоинствени услови за работа за заштита на здравјето на граѓаните, но тоа ќе го обезбеди новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија.

Граѓаните на Тетово, како и граѓаните во другите делови од Македонија знаат дека Никола Тодоров само им зборува за тендери, но тие од тендерите на власта ништо добро не видоа 10 години.

Кокретно граѓаните на Тетово до денес се жалат на недостаток на опрема во Тетовската болница, на лоши услови внатре, дека сами си купуваат лекови и медицински материјали. А тоа е сликата и во сите други болници низ државата.

Од несовесната власт, Македонија е прва заедно со Романија по лоши резултати во здравството според Европскиот здравствен индекс (ЕХЦИ) во истражувањето за 2016 година.

Затоа Тодоров не може со лажни вести да ги манипулира повеќе луѓето, кои ја казнија неодговорната тендерска власт и избраа промени“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ