ВМРО-ДПМНЕ: Потребна десоросоизација на македонските медиуми

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека е неопходен процес на десоросоизација на македонските медиуми, изнесувајќи тврдења дека „СДСМ/Сорос сакаат да ги заплашат и уништат медиумите врз кои немаат контрола“.

– СДСМ/Сорос дејствуваат со ултиматум кон медиумите: или ќе бидете со нас или ќе дадеме се од себе за да ве снема од мапата. СДСМ и Сорос активно се борат против секоја мисла различна од нивната. Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Соросовиот новинарски синдикат, стои во соопштението, призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори кои му биле дадени, а згора на тоа најавувал и заплашувал со нарачаните папки што ги имал за Катица Јанева.

– Ниту МВР под контрола на СДСМ ниту ЗНМ и ССНМ не реагираа со осуда на макар еден случај кога активисти на СДСМ/Сорос се закануваа по живот и напаѓаа новинари кои се неподобни според Заев. Ваков третман имаа Радио слободна Македонија, МТВ, Курир, Сител и низа други. Овој однос е срамен и под секое ниво. Токму затоа процесот на десоросоизација на македонските медиуми е и повеќе од неопходен, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот