Без напојување со електрична енергија во понеделник од 8.00 до 10.00 часот ќе останат корисниците на дел од улицата „Георги Димитров“, односно куќниот број 11 во општина Кисела Вода, како и корисниците во околината на крстосницата помеѓу улицата „Ацо Шопов“, по старо „Пролетерска“, и булевар „Партизански Одреди“ во населбата Влае, од 8.30 до 13.00 часот.
Како што соопшти Град Скопје, без струја ќе бидат и корисниците на дел од улицата „Козле“ од 9.00 до 12.00 часот, како и корисниците од улицата „Миле Поп Јорданов“ и објектот на хотел „Гранит“ во општина Карпош од 9.30 до 11.00 часот .
Причина за прекините се инвестициските зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија во тие региони.