Сириски опозициски сили со турска поддршка влегоа во северниот град Ал Баб

Од:

Сириски опозициски милиции со поддршка на турски војници и авијација влегоа во северниот сириски град Ал Баб, тврдина на џихадистите од „Исламска држава”, пренесува БТА.

Поддржаната од Турција – милиција Ахрар ал Шам соопшти на Твитер дека турските и бунтовничките сили навлегле во југозападните региони на градот, каде што во моментов се водат жестоки борби. Бунтовниците објавија фотографија на која се гледаат нивни борци пред влезот на болницата „Хикма”.

Сирискиот центар за набљудување на човековите права, исто така соопшти дека болницата е преземена од џихадистите, како и спортски комплекс и магацини за житарки.

Турски сили и авијација исто така учествуваат во офанзивата кон Ал Баб наречена операција „Еуфратски штит”. Тие брзаат да го заземат градот пред пристигнувањето на сириските владини сили, кои се на околу 1,5 километри од Ал Баб.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он