Филипини: Најмалку шестмина мртви во силен земјотрес на Филипините

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 120 се повредени во силниот земјотрес кој го погоди островот Минданао, во јужниот дел на Филипини.

Земјотресот со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала регистриран е на длабочина од 10 километри, додека епицентарот е на 13 километри од градот Суригаа, соопшти американскиот геолошки институт.

Центарот за предупредување од цунами на Пацификот соопшти дека нема опасност од цунами.

Во текот на утрото се почувствувани уште 89 помали потреси.

Градскиот аеродром е привремено затворен поради длабоки пукнатини на пистата, соопштија аеродромските власти.

Стотици лица во паника ги напуштија своите домови и се упатија во околните училишта, кои се претворени во засолништа за оние кои останаа без покрив над главата.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски