Официјализирана Јадранската трилатерала меѓу Хрватска, Албанија и Црна Гора

Од:

Министрите за надворешни работи на Хрватска, Албанија и Црна Гора денеска во Сплит потпишаа заедничка декларација за соработка во рамките на Јадранската трилатерала, со која се поттикнува зајакнување на безбедносната и економската соработка меѓу трите држави.

– Јадранската трилатерала ја договоривме на неформален состанок во декември минатата година во Брисел, а денеска во Сплит и формално ја инаугуриравме, а таа е насочена кон зајакнување на безбедноста во Јадранско Море и Југоисточна Европа, како и зајакнување на нашите односи како три земји кои делат исти вредности, изјави хрватскиот министер за надворешни и европски работи Давор Иво Штир.

Тој додаде дека со Јадранската трилатерала се поддржуваат Албанија и Црна Гора на евроатлантскиот пат, на кој ќе им помогне Хрватска.

– Србија е набљудувач во Американско-јадранската иницијатива и јасно кажа дека не е определена за членство во НАТО. Меѓутоа, оценуваме дека е добро за стабилноста на ЈИЕ да се поттикне приближување и соработка меѓу Србија и НАТО, која не мора да биде насочена кон членство, но може да биде насочена кон прагматичен облик на соработка, наведе Штир.

Тој додаде дека Хрватска го поддржува евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина и изрази уверување дека Албанија и Црна Гора ќе ја поттикнат БиХ кон европската и евроатлантската интеграција.

– Геостратешки гледано Јадранската трилатерала е важна за зајакнување на безбедноста, а не конфронтација во Јадранско Море, посочи Штир.

Во Сплит денеска е одлучено Јадранската трилатерала да продолжи да се развива и на ниво на шефови на влади и држави на трите земји.

– Министрите за надворешни работи на Хрватска, Албанија и Црна Гора денеска се договорија за заеднички пристап на маргините на следниот министерски состанок на НАТО и во таа смисла ќе побараа заеднички пристап до новиот државен секретар на НАТО, истакна Штир.

Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дамјановиќ потсети дека неговата држава е во завршна фаза за пристапување во НАТО и оти затоа е важна поддршката од Хрватска и Албанија.

Неговиот албански колега Дитмир Бушати изјави дека ја цени помошта од Хрватска во европската интеграција на Албанија.

– Нашите три земји имаат потреба од соработка и усогласување на напорите во процесот на евроатлантските интеграции, истакна Бушати.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Земјотрес во Далмација

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија