Во Крива Паланка собрани 69 единици крв

Од:

На крводарителскатa акција што се одржа денеска во големата сала при локалната самоуправа на општина Крива Паланка се собрани 69 единици крв.

Ова е прва акција во февруари, а трета годинава во организација на општинска организација на Црвениот крст во Крива Паланка.

– Во јануари на две крводарителски акции беа собрани 87 крвни единици на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце, а заедно со денешната се вкупно 156. Денес на сите хумани граѓани кои даруваа крв, а се оѕваа во голем број, ќе им бидат направени и био-хемиски анализи на крвта, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст – Крива Паланка.

Акцијата се реализира во соработка со Институт за трансфузиона медицина – Скопје. Согласно Планот за крводарувања годинава предвидено е на територијата на двете општини да бидат собрани 711 единици крв. Следната акција е закажана за 14 февруари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка