СДСМ: Скандал во Советот на Карпош, ги предупредуваме Јакимовски и соработниците ќе има одговорност

Од:

Од СДСМ со писмено соопштение информираат за неправилности и злоупотреби во Општина Карпош.

„Информираме за нелегално и недолично однесување во Советот на општина Карпош и предупредуваме дека за злоупотребата на вработени во администрацијата од страна на Стевчо Јакимовски и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има одговорност!

Постои основано сомневање дека Јакимовски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ скандалозно и незаконски злоупотребиле вработени во општинската администрација во Карпош за да им поминат точки на дневниот ред.

Еве фотографиии во прилог што го покажуваат тоа! Меѓу луѓето кои се на фотографиите со кренати раце се и вработени во службите кои немаат право на глас! Меѓу нив се и раководни лица од секторите за финансии и за екологија. Дека станува збор за гласање упатува тоа што со кренати раце не се само лицата од администрацијата, туку и советници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, додека градоначалникот Јакимовски седи во редовите на советниците, гледа и се смее.

Оваа фотографија, како што може да се види, стои на Веб страницата на општина Карпош.

Станува збор за шеесет и втората седница на Советот на општина Карпош, на којашто меѓу другото се расправаше и за огромното загадување на воздухот во општина Карпош.

Советниците на СДСМ и опозицијата претходно ја напуштија седницата поради тоа што претседавачот на Советот не сакаше да ги стави на дневен ред предлог заклучоците за преземање итни мерки за намалување на загадувањето во општината.

Скандалозно е еден орган на локалната самоуправа, гласан од граѓаните, во овој случај Советот на општина Карпош, да се деградира со недоличен начин на функционирање, а се работи за точки на дневен ред кои се однесуваат на сериозни потреби и проблеми на граѓаните.

Укажуваме на Јакимовски и на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека општина Карпош и Советот не се нивна приватна сопственост!

Порачуваме на вработените во администрацијата да не подлегнуваат на притисоците на уплашената криминална власт во заминување, којашто ги вовлекува во нелегални активности за лични интереси“ стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира