Состојба во искористувањето на поддршката од ИПА, како и можностите за проширување на соработката за регионален развој биле тема на денешната средба во Скопје на заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбр Адеми со Колин Волф од Генералниот директорат за соседска политика и проширување при Европската комисија.
Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Адеми, како Национален ИПА координатор, му ги соопшти на Волф приоритетите кои ги има поставено во однос на ИПА кои се однесуваат на работење и развој на системот за Децентрализирано спроведување на ИПА, спроведување на ИПА со највисока можна стапка на апсорпција, во согласност со приоритетите на Владата и заедничката агенда со ЕУ.
– Адеми посочи дека помошта обезбедена преку ИПА е многу важна за спроведувањето на клучните реформи, особено во овој постизборен период, се наведува во соопштението.
Двајцата соговорници, се додава, изразија задоволство од соработката меѓу Македонија и Европската комисија, која се одвива на партнерски однос на секое ниво.