Меркел: Еврозоната мора да остане единствена

Од:

Еврозоната мора да остане единствен блок, па затоа нејзините земји членки мора да ги спроведуваат заедничките обврски, изјави синоќа германската канцеларка Ангела Меркел.

– Според мене не постои прашање за две брзини во еврозоната. Евроозната мора да остане единствена, истакна Меркел.

Според неа, за обезбедување на таквото единство на Евроозната. нејзините земји членки мора да го спроведуваат сето она што ќе го договорат.

Изјавата на Меркел следи откако во средата германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека Грција ќе мора да ја напушти Еврозоната, доколку не ги спроведе обврските што ги презеде со договорените пакет-мерки за помош на земјата.

– Притисокот врз Грција за спроведување на реформите мора да продолжи, со цел земјата да стане конкурентна. Во спротивно државата не ќе може да остане во зоната на заедничката европска валута, изјави Шојбле за германската телевизија АРД.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД