Украинската Влада измамена од лажен инвеститор

Од:

Владата на Украина наседнаа на измама на шпански инструктор по скиање кој им подметнал договор вреден 1,1 милијарди евра за градење терминал за плин.

Проектот бил најавен како историски. Според договорот шпанската фабрика „Гас Натуарл Феноса“ требало да гради терминал за плин во близина на Одеса, а инвестицијата била во висина од 1,1 милијарди евра.

На потпишувањето на Договорот присуствувале украинскиот премир Никола Азаров и министерот за енергетика Јури Бојо, а големата свеченост се пренесуваше на телевизија.

Неколку часа по потпишувањето се јавила шпанската фабрика, тврдејќи дека не разговарале за работата со Украинците ниту потпишувале договор со нив. За лицето, кое преговарало со Украинците, од шпанската фабрика тврделе дека никогаш не слушнале.

Потоа откриено е дека зад сето тоа стои измамник, кој со години лажно се претставувал. Станува збор за Хорди Сарди Бонвехи (43) инструктор по скијање, од Барселона.

По таквото понижување украинската Влада покрена истрага.

Бонвехи во меѓувреме побега од Украина. Новинарите тврдат дека на телефон успеале да ја добијат личноста која се претставува како Бонхеви. Лицето потврди дека немала овластување од „Фенос“ за потпишување договор, но дека се надева оти дополнително ќе ги наговори да се вклучат во проекетот.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски