Реакција на Општина Охрид на соопштението од СДСМ Охрид

Од:

„И покрај многуте укажувања од наша страна, очигледно часовникот на СДСМ Охрид и понатаму е застанат во минатото.

Дали кога зборуваат за притисоци мислат на времето кога тие го водеа Охрид и кога нивните функционери со списоци ги пребројуваа вработените кои мораа и пред да влезат и пред да излезат од автобус да бидат евидентирани од шефовите.

За среќа на сите вработени во општината, јавните претпријатија, училиштата и останатите институции во надлежност на Локалната самоуправа, времињата се променија и притисоците врз вработените станаа минато како симбол на лошото владеење на СДСМ во Охрид“, се вели во реакцијата на Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија