А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Хан: Нема да давам предлози, важно е Владата да се формира на широка основа

by А1он09/02/2017 - 14:29159
Share0

Важно е новата влада да се формира на солидна и широка основа, изјави денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прес-конференцијата по Министерскиот состанок за Западен Балкан што се одржа во македонското МНР.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој потенцира дека во Скопје е дојден да ги ислуша лидерите на политичките партии и дека неговата порака е оти земјата има постигнато многу, но оти следен чекор е формирање влада. Нагласи дека сите треба да бидат свесни за својата одговорност и интересите на државата.

– Јас нема да давам никакви предлози. Крајната одлука треба да ја донесат политичарите во оваа земја и тоа е многу важно. Можеби резултатот од изборите го изненади некого, но сега треба да се формира влада, а демократските одлуки треба да ги почитуваат сите политиќки партии, изјави Хан.

Еврокомесарот Хан попладнево треба да се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој треба да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците.

На средбите се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември.

Активностите на еврокомесарот почнаа изутрината со средба со премиерот Емил Димитриев, по што во македонската Влада присуствуваше и на состанокот на министрите за енергетика од Западен Балкан.

hanvlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео