Министерски состанок на земјите од Западен Балкан во Скопје

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска ќе биде домаќин на Министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, на кој ќе присуствуваат и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, италијанскиот државен потсекретар за надворешни работи Винченцо Амендола и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ.

Пред активностите во МНР, утрово во Владата на РМ средба со еврокомесарот Хан ќе оствари премиерот Емил Димитриев, а потоа во Владата состанок ќе имаат министрите за енергетика од Западен Балкан. Состанокот, на кој ќе присуствува и еврокомесарот Хан, ќе го води вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Министерскиот состанок во МНР ќе биде неформална средба на министрите за надворешни работи од балканските земји вклучени во тнр. „Берлински процес“. На состанокот, како што соопшти МНР, ќе се разговараат прашања од областа на регионалната соработка во различни сегменти, но со посебен акцент на заедничките регионални предизвици, економскиот просперитет и меѓусебното поврзување, владеењето на правото и антикорупцијата, во функција на интегрирање на сите балкански земји во Европската унија.

Министрите за надворешни работи ќе одржат и заедничка сесија со министрите за енергетика, на која што ќе се дискутира за примената на одлуките од Парискиот самит и очекувањата од претстојниот Самит во Трст во рамките на „Берлински процес“.

На маргините на состанокот ќе бидат потпишани два договора помеѓу Европската комисија и меѓународните финансиски институции – Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Банкарскиот концерн KfW, во рамките на Програмата за регионална енергетска ефикасност (REEP Plus – Regional Energy Efficiency Programme ) и Фондот за зелен раст (GGF – Green for Growth Fund ), преку кои ќе се финансираат проекти што ќе се реализираат во регионот, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија