Разигрувањето за титулата во ракометниот шампионат на Македонија ќе започне на 1 април.
Познат е календарот според кој ќе се одиграат десетте кола во разигрувањето, односно плејофот за шампионскиот трофеј во домашното ракометно првенство.
Разигрувањето ќе започне во првиот викенд од април (1 и 2), а треба да заврши со 10.коло закажано за 3-4 јуни.
Во плејофот покрај четирите првопласирани екипи од регуларниот дел на сезоната ќе играат и македонските претставници во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, Вардар и Металург.
Првата рунда (осминафинална) во Купот на Македонија е закажана за 4 и 5 март, додека завршницата е планирана за 19-21 мај.
По зимската пауза, и учеството на македонската репрезентација на Мундијалот во Франција, ракометното првенството продолжува на 4 и 5 март.