(ВИДЕО) Мирчески: Да остане бесплатниот автобуски превоз и да се воведе возење пар – непар!

Од:

„Мерката бесплатен јавен превоз во Скопје, за што апелираме три години досега, е многу задоцнета и не може да биде ефикасна ако не е придружена со други мерки.

Отровниот воздух го доведува во прашање здравјето на граѓаните во Скопје, а со месеци загаден воздух дишат и граѓаните на Битола, Велес, Кавадарци и други градови каде што ништо не е преземено.

Укажуваме на централната власт во заминување и на локалните власти веднаш да преземат најитни чекори што ќе придонесат кон намалување на последиците од загадувањето:

– Освен бесплатниот јавен превоз, да се воведе систем на возење пар / непар.
Истовремено да се вклучат поголем број автобуси, за сигурен и навремен превоз на граѓаните,
– Сите државни и општински надлежни органи да вршат секојдневно надзор за ефектите од мерките врз загадувањето во воздухот,
– Да се направи проверка на кого се предаваат отпадните масла и дали истите се употребуваат како гориво како и проверка на работата и ефикасноста на котлите за производство на енергија во производните постројки;
– Итно, времено да се запрат сите градежни активности во општините со зголемено загадување и
– Да се субвенционира огревен материјал за социјално загрозените категории граѓани.

Ова се краткорочни мерки што можат да придонесат времено да се ублажи загадувањето.

Неколку години предупредуваме и апелираме дека проблемот со загадувањето на воздухот мора да се решава, но никој – ни досегашната Влада, ни Градот Скопје, ниту општините преземаа нешто. А во прашање се човечки животи!

Проблемот може да се реши само ако му се пристапи системски и тоа ќе го направи новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија.

• Ќе го гасифицираме Скопје и сите други градови,
• Ќе субвенционираме обновливи извори на енергија и греење за граѓаните,
• Ќе субвенционираме поставување филтри кај големите загадувачи,
• Ќе ги зголемиме зелените површини во градовите, што ги уништи несовесната власт за тендер интереси.

Ќе има живот и чист воздух во Македонија“, изјави Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата