Привршува реконструкцијата на спортската сала во Велгошти

Од:

Жителите на Велгошти, Охридско, за десетина дена ќе добијат реконструирана и соодветно адаптирана спортска сала, соопштија од Агенцијата за млади и спорт.

Од АМС информираат дека интензиво се работи на адаптација и реконструкција на салата и дека градежните работи се во завршна фаза. Според динамикaта  спортската сала би требало да биде готова пред предвидениот рок, доколку тоа го дозволат временските услови.

– Со изградбата на салата, повеќе од 290 деца ќе имаат каде да ги одржуваат своите часови по физичко и здравствено образование со што уште еднаш, АМС покажува дека се грижи за населението, но и ги исполува своите ветувања. Спортската сала во Велгошти започна да се гради во 2002 година во непосреда близина на Основното училиште Живко Чинго. Но, истата никогаш не беше целосно завршена со градба. Во изминатата деценија истата пропаѓаше поради својата недограденост, а беше и руинирана, се вели во соопштението од АМС.

Реконструкцијата на салата, Агенцијата за млади и спорт, ја почна на 21 септември оваа година, а рокот на завршеток на градежните работи е предвиден за три месеци. Вредоноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект е 23,6 милиони денари, а финансиските средства Агенцијата за млади и спорт ги обезбеди преку Владата на Република Македонија.

– АМС во јули годинава им вети на жителите на Велгошти дека ќе добијат реконструирана спортска сала и непрестано работи на оваа реализација, соопштуваат од агенцијата.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он