Жерновски и еко-активистите договорија конкретни чекори против загадувањето

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски оствари средба со претставници на здружението „Скопје смог аларм“.

На средбата Жерновски и еко-активистите Мерима Ебип и Владимир Ристески разговараа за преземање конкретни мерки на краток и долг рок, кои би резултирале со намалување на загадувањето на воздухот.

Првата конкретна мерка која беше договорена е набавка на мобилна мерна станица од страна на општината. Со мобилната мерна станица ќе се овозможува прецизен увид во тоа кои фактори најмногу придонесуваат за загадувањето и на кои места во општината е највисока концентрацијата на ПМ честичките. Со овој уред ќе се изврши точна анализа и ќе се утврдат главните извори на загадување на секоја поединечна локација, соопштуваат од Општина Центар.

Во втората фаза ќе се користат статистиките добиени од мобилната мерна станица за да се конципираат и да се преземат мерки соодветни за секоја поединечна локација. Овие мерки ќе бидат дел од четиригодишната стратегија на општината за намалување на последиците од загадувањето и зачувување на животната средина.

„И покрај ограничените ингеренции на општината, сакаме активно да придонесеме во намалувањето на воздушното загадување. Средбата со претставниците на еко-здружението е дел од тој стремеж. Задоволство ми е што имав прилика да поразговарам и да се посоветувам со луѓе кои се добро запознаени со состојбите. Средбата беше конструктивна и веќе договоривме конкретните мерки кои ќе ги спроведеме. Воедно, апелирам до надлежните министерства и градските власти да се вклучат активно во борбата против загадувањето. Состојбата е алармантна, здравјето на граѓаните е ставено под ризик и мора да се делува веднаш“, вели Жерновски.

Општина Центар низ изминативе години спроведе бројни проекти чија цел беше зачувување на животната средина и промовирање на еколошката свест. Дел од тие проекти се садењето на 255 високо школувани нови дрвја, обновување на зеленилото со површина од 70.000 метри квадратни, поставување на нови енергетско-ефикасни фасади, спроведување на акцијата „Цел Центар на точак“ и други активности кои ќе продолжат и во иднина.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ