Еврокомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе изјави дека се надева оти Европскиот совет на седницата следната недела ќе покаже храброст во своите одлуки, кога станува збор за продолжување на патот на Србија кон ЕУ.
– Тоа прашање сега е во рацете на земјите-членки на ЕУ. Претпоставувам и се надевам, дека, како резултат на она што Србија ги исполни критериумите за членство во рамките на успешните и продуктивните три рунди од политичкиот дијалог, земјите-членки ќе бидат амбициозни колку и Србија во одбрана на идниот европски чекор на вашата земја, истакна Филе за денешниот број на „Новости“.
Тој осврнувајќи се на политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина наведе дека „нема лесни теми“ и оти „техничкиот договор за интегрирано управување на премините не е лесна работа“.
– На Србија и е потребна нашата поддршка. Важно е, исто така, оваа Влада да сфати дека одлуките се во корист на Србија, српските граѓани и целиот регион, посочи Филе.