Бухари побара од Парламентот подолго отсуство за лекување

Од:

Нигерискиот претседател Мухамади Бухари (74) побара денеска од Парламентот на Нигерија, да му дозволи да го продолжи отсуството од земјата и од функцијата за лекување во Лондон, јавуваат медиумите во Абуџа.

Не се јавува колку долго би требало да трае продолженото отсуство, како што нема ниту детали за неговата здравствена состојба, но нигерските медиуми откриваат дека барањата за дополнително отсуство на Бухари ги зголемиле шпекулациите во домашната јавност околу тоа дали тој може да го продолжи својот претседателски мандат.

Истите извори тврдат дека неговата здравствена состојба е полоша од онаа на која ја прикажуваат властите, откако претседателот пред две недели замина за Велика Британија на лекување.

Во јуни минатата година Бухари престојуваше во британскиот главен град на лекување, што тогаш била објаснето како „инфекција на ушите“.

Бухари е поранешен началник на Генералштабот на Вооружените сили на Нигерија, кој на претседателските избори во 2015 година извојува уверлива победа.

Дел од домашната јавност и опозицијата тогаш тврдеа дека тој е „премногу стар да ја предводи земјата“ и дека не е во „здравствена кондиција“ за да го издржи претседателскиот мандат.

Отсуството на шефот на државата доаѓа во незгодно време за Нигерија, која и натаму се соочува со војна против тероризмот на исламските џихадисти на североистокот од земјата, со значително намалените приходи од нафтата поради големиот пад на нејзината цена на светските берзи, како и со раширена корупција.

Нигерија е рангирана на 136 место, од вкупно 168 земји во светот според степенот на корупцијата, која е традиционална „болест“ на нигериското општество.

Бухари во текот на својата предизборна кампања ветуваше пресметка со корупцијата и нејзино искоренување. Набљудувачите во Абуџа сметаат дека состојбата не е битно изменета, иако признаваат дека претседтелот има спроведено низа мерки, па специјалните обвинителство и комисиите за борба против корупцијата досега обвинија и уапсија десетина високи политички функционери.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он