Во центарот на Дубаи ќе се гради „Мараси бизнис беј“, станбен комплекс од десет луксузни единици, два ресторани што ќе лебдат над вода и елитен јахтинг клуб кој ќе нуди различни спортски активности.
Компанијата „Адмаре“ почна со изградба на станбените објекти, а сите единици ќе бидат креирани и составени во Финска и по морски пат транспортирани во Дубаи.
Станбениот и деловен простор по изгледот не можат да се споредат со што било до сега видено.
До крајот на деценијата ќе биде поставен и последниот сегмент од овој проект.