Земјотрес на грчкиот остров Лезбос

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала рано изутринава е регистриран на грчкиот остров Лезбос во источниот дел на Егејското Море.

Како што соопшти Атинскиот геофизички институт, епицентарот на потресот бил во северниот дел на Лезбос.

Европскиот медитерсански сеизмички центар пак соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтер на длабочина од два километри под површината на земјата, со епицентар на 156 километри еверозападно од турскиот град Измир.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Според грчките сезимолози, во последниве дваесетина дена во реонот на источниот дел на Егејското Море крај турскиот брег, биле регистриани десетина послаби земјотреси со интензитет меѓу два и четири степени според Ријтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Серија земјотреси во близина на Нов Зеланд, со магнитуда до 6,8 степени

Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Унгарија

Земјотрес во Бугарија

ВИДЕО: Истанбул повторно се тресе, повеќе од сто земјотреси, стотици повредени

Предраг Петровиќ