СДСМ: Советникот Витанов да ја преиспита одлуката за советничката коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Неморалниот чин на еден поединец дека ја претставува волјата на граѓаните на Општина Струмица во најмала рака е манипулација без преседан, зошто на последните локални избори за советничката листа на СДСМ својот глас го дале 18.425 граѓани. Ова го истакна на денешната прес конференција, претседателот на ОО на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, реагирајќи на прес-конференцијата на ВМРО ДПМНЕ кои рекоа дека го добиле советничкото мнозинство откако во нивни редови дојде советникот од ВМРО НП.

– Замислете волјата на 18.425 граѓани е погазена од само еден граѓанин, кој е член на Советот на општина Струмица, човек кој не бил на некоја независна листа, туку на листа на коалиција предводена од СДСМ, рече Даскаловски.

Побара од нивниот досегашен коалиционен советник, Методи Витанов да ја преиспита одлуката и, како што рече Даскаловски, да ја симне огромната дамка која самиот си ја ставил.
– Се поставува прашањето, како тоа, по безмалку четири години победничко мнозинство, на прагот на новите локални избори, господинот Витанов одлучува да го погази сето тоа што го сторил во изминатиот период, заедно со советниците на СДСМ. Ова е срамен чин и секој коментар би бил излишен, вели Даскаловски.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда