Ракометарите на Металург попладнево ќе го играат четиринаесетиот натпревар во регионалната СЕХА лига. Македонскиот вице-првак ќе има тешко гостување кај силниот унгарски тим Веспрем, од кого на првиот меѓусебен меч одгран во Скопје, загуби со три гола разлика 20-23.
Тимот од Автокоманда сезонава е далеку од посакуваната цел, пласман на завршниот Фајнал-фор турнир, бидеќи во досегашнте 13 натпревари, Металург има само три победи, еден нерешен резултат и дури девет порази.
Натпреварот Веспрем – Металург ќе се игра од 18 часот, термин во кој ќе започне и вториот денешен натпревар меѓу Цеље – Мешков Брест.
Два натпревари ќе се одиграат утре.
Унгарскиот шампион, иако попладнево игра против Металург, веќе утре (19.15 часот) ќе го одигра и мечот против последно пласираната екипа на Извиѓач, додека во вечерниот термин ид 20 часот и 30 минути, македонскиот првак Вардар гостува во Словенија кај екипата на Горење Велње.
Табела: Вардар 41 бодови, Веспрем 35, ППД Загреб 28, Целје 27, Мешков Брест 26, Горење Велење 12, Нексе 12, Металург 10, Татран Прешов 10 и Извиѓач 3.