Француската полиција го идентификуваше напаѓачот од Лувр

Од:

Лицето кое вчера со две мачети нападна војници пред влезот на парискиот музеј „Лувр“, по што беше рането, е идентификувано како египетски државјанин кој пристигнал во Франција кон крајот на јануари, соопштија француските власти.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, напаѓачот почнал на арапски да вика „Алах е голем“ и се упатил кон војниците и полицајците на влезот, по што бил застрелан крај продавница до музејот.

Кај повредениот напаѓач е пронајден мобилен телефон чија СИМ картичка му припаѓала на 29-годишниот Египќанец, Абдула Ел Хамами. Француските истражители стапиле во врска со египетските колеги за разјаснување на случајот.

Извори блиски до истрагата посочуваат уште дека напаѓачот им бил непознат на полициските служби во Франција. Тој пристигнал во земјата со лет од Дубаи на 26 јануари со валидна Шенген виза.

– Идентитет на напаѓачот е познат, но не е „формално утврден“- изјави синоќа обвинителот на Париз, Франсоа Молан.

Но, пребарувањето на неговиот мобилен телефон и на европската датотека за визи и при претресот на стан во кој престојувал во Париз, е утврдено дека тој легално влегол во Франција.

– Ова истражување е насочено кон лице на возраст од 29 по потекло од Египет. Фотографијата регистрирана во датотектата за визи, одговара на излгледот на сторителот на нападот – рече Молан.

Истрагата ќе треба да ги утврди мотивите за нападот, како и дали напаѓачот дејствувал сам спонтано или по наредба.

Францускиот претседателот Франсоа Оланд уште вчера нападот го оквалификува како „терористички акт за чија природа не може да има ниту малку сомнеж”.

Истражните органи исто така ги испитуваат и твитовите испратени на арапски јазик на налогот на Твитер на името на египетскиот државјанин Абдула Ел Хамами. Десетина пораки беа испратени меѓу 08:27 и 08:34 часот, односно неколку минути пред нападот.

Во нив може да се прочита текст „Во името на Аллах… за нашите браќа во Сирија и борците”, а една минута подоцна и твит кој се однесува на џихадистичката група Исламска држава.

Истрагата утврди дека по пристигнувањето во Париз, напаѓачот изнајмил автомобил, а следниот ден плаќајќи во готово ги купил две мачети од по 40 сантиметри со кои го изврши нападот.

Напаѓачот, облечен во црна маица со череп, со по една мачета во секоја рака се упатил кон војниците на влезот во Луват и извикајќи „Алах акбар” го удрил по главата едниот војник.

Во обидот да го одвратат напаѓачот вториот војник истрелал четири куршуми кон него, ненсувајќи ми „многу сериозно” рани. Напаѓачот, носел и ранец во кој имало спреј-бои.

Осомничениот се здобил со рани во стомакот, но неговата состојба е „стабилна”.

Нападнатион војникот минал со модринки на главата и е хоспитализран во воена болница. – Тој е во ред, изјави францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан.

Околу 1.200 луѓе во музејот беа блокирани неколку часа, додека деминерските екипи не потврдија дека во ранецот нема експлозиви.

Музејот ќе биде повторно отворен денес. Во Франција во сила е вонредна состојба.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата