Израел ги предупредува лидерите на Исламскиот џихад да не влегуваат во Газа

Од:

Претставници на палестинската милитантна организација Исламски џихад, изјавија денеска дека Израел предупредил двајца од нејзините лидери да не се обидуваат да влезат во појасот Газа.

Двајцата лидери планирале да ги посетат палестинските територии утре, заедно со уште еден долгогодишен лидер на друга милитантна група Хамас, Халед Машал.

Израел и Хамас, кој го контролира појасот Газа, преговараат со посредство на Египет по примирјето прогласено после израелската офанзива.

Двајцата членови на Исламски џихад, изјавија дека Египет ги пренел предупредувањата дека Израел ќе смета дека примирјето е завршено ако лидерите на екстремистичките организации влезат во Газа.

Членовите на Исламски џихад го рекоа тоа барајќи да останат анонимни, додека израелското Министерство за одбрана не сакаше да ги коментира тврдењата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан