Побарувачката за злато во 2016. година го достигнала највисокото ниво во последните три години, поттикната од значајниот интерес за вложување во племенити метали.
Вкупната побарувачка за злато во 2016. година пораснала 4.309 тони, што значи зголемување за 2 отсто во однос на 2015.
Инвецистичката побарувачка растела во првиот, вториот и третиот квартал од минатата година, поткрепена од приливот на капитал од индексните инвестициски фондови. Во четвртиот квартал побарувачката сепак се намалила.
Високите цени на златото од друга страна пак ја намалиле побарувачката за накит. До крајот на септември цените пораснале за 25 отсто бидејќи трговците барале сигурно место за капиталот, загрижени за светскиот економски раст во контекст на британскиот референдум за излез од ЕУ и претседателските избори во САД.