МНР: Соседите да се занимаваат со своите проблеми, а не со Македонија

Од:

Во Македонија има избрани претставници од граѓаните и тие се единствените легитимни фактори во носењето одлуки. Би било добро кога македонскиот концепт на мултикултурна интеграција во општеството базирано на европски вредности би го применувале и соседните земји, се вели во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи на последните коментари на албанскиот премиер Еди Рама и на други политичари од регионот во врска со политичките случувања во Македонија.

– Политичарите од соседството кои упорно се обидуваат да го оттргнат вниманието од проблемите дома, со потпалување оган кај соседи одат спротивно на европските вредности. Секако дека им е најпривлечно да се занимаваат со соседни земји во услови кога тешко им оди со реалните потреби на граѓаните во сопствената земја. Сепак, за сите ќе биде најдобро да се посветат на реформите што им се толку многу потребни пред да мечтаат за лидерство и да креираат поделби во регионот, велат од МНР.

Оттаму истакнуваат и дека македонското видување е оти нема посебен интерес од кое било вмешување во внатрешните работи на македонија.

– Немаме посебна намера да се впуштаме во анализи на тоа кој се се вмешува и за каква цел. Би ги упатиле сите заинтересирани страни да ја почитуваат македонската сувереност и изразената волја на граѓаните. Тие се единствените надлежни да носат одлуки за државата, стои во реакција.

Македонија, додаваат од Министерството, останува посветена на своите цели и принципи.

– Праксата ни докажа дека добри решенија за земјата мора да потекнуваат од интересите на нашите граѓани. Таквиот став е и во функција на европската интеграција на земјата. Само суверена, ефективна и ефикасна Македонија може да придопнесе во проектот кој е масовно поддржан од македонските граѓани, се наведува во реакцијата од македонското МНР.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани