Најверојатно станува збор за нов терористички напад во Париз

Од:

Изутринава војници и полицајци во обезбедување на Лувр отвориле оган и раниле едно лице кое се обидело да влезе во Лувр во Париз, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според сегашните информации, станува збор за обид за атентат, бидејќи напаѓачот се обидел да влезе во Лувр со торби, околу 10 часот. Кога војниците и полицајците побарале од него да го отвори торбите за контрола, тој извадил нож или еден вид сор, и се обидел да нападне еден од војниците, при што војниците истрелале пет куршуми.

„Тој им се приближи на полицајците и војниците кои беа на обезбедување, извикувајќи „Алах Акбар“ Најблискиот војник до него стрелаше за да се одбрани наспроти нападот. Притоа, еден од војниците е полесно повреден во главата. Војникот истрела пет куршуми, серизоно повредувајќи го напаѓачот со еден куршум во стомакот.

Напаѓачот е жив, но во тешка здравствена состојба.

По проверката на содржината на двете торби кои ги имаше на грбот ние констатиравме дека нема експлозив и закана, по што е ослободен периметарот за судската полиција која започнува истрага под надлежност на обвинитело,“ изјави префектот на Париз Мишел Кадо.

Околината на Лувр беше блокирана од страна на многу полицајци под целосна опрема, а беше затворена и метро станицата Порт Ројал на линијата 7.

Веднаш по нападот околу двеста посетитетли на музејот беа евакуирани внатре во музејот се додека теренот не беше безбеден.

Истрагата е во тек и наскоро се очекува и рекација на Министертвото за внатрешни работи и обвинителот на Париз.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата