Според информациите од РТЛ, потврдени и од полициски извори, еден војник отвори оган откако беше нападнат со нож во близина на Лувр во Париз, јавува дописникот на МИА од Париз.
Напаѓачот наводно се обидел да се пробие во Лувр, носејќи куфер, по што војникот го застрелал, а напаѓачот се здобил со сериозни повреди.
Министерството за внатрешни работи побара на Твитер да се даде „приоритет на интервенцијата на безбедносните и спасувачките сили “, по еден „сериозен настан за јавната безбедност кој е во тек”.