Анкета: Марин Ле Пен нема шанси во вториот круг на изборите

Од:

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон и незвисниот кандидат Емануел Макрон би ја победиле лидерката на Националниот фронт Марин Ле Пен во вториот круг на француските претседателски избори, покажа анкетата ИФОП, направена за списанието „Пари Мак“.

Сепак, Фијон кого го обвинуваат дека фиктивно ја вработил својата сопруга како негова асистентка во парламентот, ја губи популарноста.

Од средата тој изгуби еден процент и сега е изедначен со Макрон на 20 отсто на првиот круг на изборите на 23 април, зад Ле Пен која во анкетата на ИФОП доби поддршка од 24,5 отсто.

Во вториот круг, закажан за 7 мај, Макрон со 63 проценти од гласовите би ја победил Ле Пен која освојува 37 отсто, додека Фијон би ја победил со 59 отсто од гласовите, покажа анкетата за „Пари Мак“.

Фијон почна да ја губи поддршката откако беше објавено дека на неговата сопруга Пенелопе и исплатил 500.000 евра за работа која не ја работела.

Тој пред неколку денови ги обвини неговите противници во Владата дека го измислиле тој скандал со цел да ја извалкаат неговата претседателска кампања.

Во меѓувреме истражителите ја продолжиле истрата за исплатите на Фијон за неговите деца.

Станува збор за повеќе од 80.000 евра исплатени на Мери и Шарл Фијон во периодот од 2005 до 2007 година, во времето кога нивниот татко беше сенатор.

Фијон тврди дека децата се исплатени за точно определени адвокатски услуги, иако ниту едно од нив во тој период не било квалификуван адвокат.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата