Започна увидот за проценка на штети во општина Струмица

Од:

Комисијта за утврдување и процена на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица, постапувајќи по барањата од граѓани кои пријавиле штета од јануарските снежни врнежи, денес беше на увид во селото Куклиш.

Според информацијата што ја добивме од претседателот на Комисијата, Ацо Ѓоргиев, денешниот увид покажал дека најголемиот број пријави се однесуваат на штети на оранжерии – пластеници.

Вчера, Комисијата формираше две поткомисии, составени од стручни лица, од кои едната во текот на утрешниот ден, ќе продолжи да врши увид во Куклиш, а другата во останатите населени места во општина Струмица. Инаку, до Општина Струмица пристигнаа преку 60 барања за утврдување и проценка на штета, од кои дури 45 се од граѓани на Куклиш.

Откако ќе биде завршен увидот и проценките за настанатата штета, истите ќе бидат доставени до Републичката комисија за процена на штети, а потоа и до Владата на Република Македонија, која ќе донесе конечна одлука, дали и колку проценти ќе изнесува евентуалното обештетување.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски