А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Охрид: Лицемерно е пратеникот Тунтев да изразува загриженост за езерото

by А1он02/02/2017 - 16:20198
Share0

Општина Охрид со писмено соопштение реагира на изјавата на пратеникот од СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев дека градоначалникот, Никола Бакрачески треба лично да објасни кои се причините за критичниот пад на нивото на Охридското езеро

Следете a1on на Instagram Instagram

„Очигледно покрај ОО на СДСМ Охрид и пратениците на СДСМ Охрид добиле специјална задача во пресрет на престојните локални избори да се фокусираат на градоначалникот Никола Бакрачески, а претпоставуваме и зошто.

Го повикуваме пратеникот Томислав Тунтев да ја прочита нашата реакција дадена на ден 31.01.2017 година, по повод претходно даденото соопштение на ОО СДСМ Охрид на истата тема, а воедно да се запознае со содржината на извештаите на надлежните и релевантните институции на Република Македонија како што е УХМР на Р.М.

Уште еднаш напомнуваме дека на секое отстапување од надлежностите и законските регулативи во делот на заштитата на езерските води, жестоко ќе реагираме. Лицемерно и навредливо за граѓаните на Охрид е пратеникот Томислав Тунтев да изразува загриженост за езерото, кога како заменик Градоначалник и координатор на советничкото мнозинство во градскиот совет имаше клучна улога во креирањето и реализацијата на штетните планови за изградба на масивни и робусни станбени комплекси на самиот брег на езерото почнувајќи од хотел Парк преку населбата Лагадин па се до Пештани“ стои во соопштението на Општина Охрид

Следете a1on на Youtube YouTube
ohrid

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он02/08/2026 - 14:56

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:1224/07/2026 - 12:12

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Горан Наумовски24/07/2026 - 10:55

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски15/07/2026 - 20:3615/07/2026 - 20:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео