Новиот филм „Star Trek“ во режија на Џеј Џеј Абрамс, својата премиера ќе ја има на 17. мај 2013 година, а фановите со нетрпение чекаат да го видат филмот.
Во главните улоги се Крис Пајн, Закари Кинто и Зое Салдана.
Капетан Кирк ќе се обиде да пронајде оружје за масовно уништување и да израмни некои лични сметки.
Дополнителни детали од филмот нема да откриеме, за тоа ќе мора да ја почекаме премиерата.