Столтенберг: НАТО останува посветен на стабилноста на Балканот

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина, денеска во Сараево изјави дека Алијансата останува посветена на стабилноста на балканскиот регионот, како и на партнерството со БиХ.

– Веќе две децении НАТО ја помага и ја гарантира стабилноста и навистина го цениме партнерството со БиХ и тоа е важно и за БиХ и за НАТО, бидејќи нашето партнерство е взаемно, рече Столтенберг по средбата со членовите на Претседателството на БиХ.

Како што јави Фена, тој го поздрави напредокот што БиХ го остварила во сферата на одбраната, вклучувајќи го и усвојувањето на документот „Преглед на одбраната“, со кој е дефиниран развојот на Вооружените сили на БиХ во следниот период.

Столтенберг ги повика босанските лидери да вложат дополнителен напор на тој план и да ги продолжат почнатите реформи, потенцирајќи ја подготвеноста на НАТО да го активира Акциониот план за членство (МАП) на БиХ, веднаш по исполнувањето на неопходните услови.

– БиХ е кандидат за членство во НАТО и ги имате потребните инструменти за напредок на тој план. НАТО е подготвен за активирање на МАП, но кога воениот имот ќе биде евидентиран со реформи во областа на секторот на безбедност, рече Столтенберг.

Тој изрази благодарност за учеството на БиХ во мировната мисија во Авганистан и за придонесот на земјата во борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Зеленски е подготвен за да ја прекине војната со Русија

Украина до НАТО: Поканете не во Алијансата веќе следната недела

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО