А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Конференција за „Заштита на децата-жртви во правните постапки’’

by А1он02/02/2017 - 14:30185
Share0

Сите деца имаат право да бидат заштитени од насилство, експлоатација и злоупотреба, поради тоа потребно е јакнење на националните системи и служби за превенција за откривање, упатување и справување со случаите на деца-жртви на насилство и злоупотреба и на оние деца во ризик кои стануваат жртви.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова беше констатирано од учесниците на денешната конференција за „Заштита на децата-жртви во правните постапки’’, организирана од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”, а во соработка и со финансиска поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Заменик претставникот од УНИЦЕФ, Елспет Ериксон рече дека посветуваат значителни ресурси во Македонија за да се обезбеди целосно почитување на правата за заштитени од насилство, експлоатација и злоупотреба на децата.

Таа изнесе податоци од едно истражување спроведено во 2011 година кое, како што рече, покажува дека скоро 70 отсто од децата на возраст од две до 14 години биле предмет на некоја форма на насилна дисциплинска постапка.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Сите наши искуства покажуваат дека насилството врз децата има влијание врз целиот нивни живот, рече Ериксон и додаде дека тоа е неприфатливо и мора да биде казнето.

Истакна дека сведочењето во судница може да биде трауматично за детето и може да биде дополнително усложнето затоа што тоа стравува за својот живот, за животот на своето семејство. – Па затоа обврска на сите кои работиме на оваа тема е да направиме искуството и доживувањето на детето-жртва да биде колку што е можно помало, рече Ериксон.

Џулијана Мишевска од Основното јавно обвинителство Скопје говорејќи на темата „Кривично правна заштита на децата-жртви, мерки на процесна заштита и мултисекторски тимови“ ја посочи меѓу другото потребата од спроведување обуки за судии и јавни обвинители кои земаат изјави од децата-жртви и децата-сведоци во постапката.

Изјавите од овие деца, како што рече, треба да се земат само еднаш, да бидат кратки и притоа детето да не се соочува со сторителот.

Мишевска на конференцијата изнесе податоци од истражување за состојбата со сексуалната злоупотреба на децата изработено од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, а финансирано од УНИЦЕФ, а се работи за деца на возраст од 4 до 8 години и најголемиот број Македонци по националност.

– Од нив 89 отсто редовно посетуваат настава, најчесто се во добра здравствена состојба, а само 9 отсто имале ментално нарушувања. Дури 87 отсто од децата жртви на сексуално насилство потекнуваат од брачна заедница и најчесто се злоупотребени од родител, од близок роднина, сосед, наставник…, рече Мишевска.

Истражувањето, како што додаде, покажало дека лицата кои работат со деца-жртви на сексуална злоупотреба немаат доволно обука и не располагаат со вештини и знаења за постапување.

Корнелија Иванушиќ од Општинскиот суд во Велика Горица, Хрватска, пренесувајќи ги искуствата за оваа проблематика во својата земја посочи дека во Хрватска испрашувањето на децата-жртви исклучиво го прават стручните соработници вработени во судовите, јавните обвинителства и полицијата.

Во Македонија, како што нагласи директорката на Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ Анета Арнаудовска, се посветува сериозно внимание на експлоатацијата и ранливоста на децата на сите форми на злоупотреба, вклучувајќи детска порнографија, детска проституција, трговија со деца и ропство, сексуална експлоатација, злоупотреба и злоставување.

Од клучна важност е, како што додаде, да се воспостави системски и координиран пристап за превенција или одговор на насилство врз децата.

– Заедничкото постапување не само што ќе ги зголеми можностите да се спречи злоупотребата и занемарувањето и да се забрза закрепнувањето на жртвата, истакна Арнаудовска.

Според неа, со масовното користење на компјутерите децата стануваат лесни жртви на разни форми на насилство преку интернетот, особено детската педофилија, порнографија и разни форми на насилство. Порано, како што додаде, родителите можеа да ги проверат компјутерите на своите деца, но сега тоа е тешко бидејќи целата комуникација и воопшто целиот живот им се одвива преку мобилните телефони.

За најчестите облици на криминал на детска порнографија преку интернет, пред учесниците зборуваше и Корнелија Иванушиќ од Хрватска.

На конференцијата учествуваа судии од граѓански и кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациски подрачја, адвокати, претставници од Министерството за труд и социјална политика, Меѓуопштинските центри за социјална работа и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

decasemejno nasilstvo

Би можело да ве интересира

Нападнати се син, брат, сопруга и партнерки – петмина насилници завршија со лисици на рацете

А1он24/05/2026 - 14:3024/05/2026 - 14:05

Три лица лишени од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 13:44

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете во Македонија е сиромашно

Горан Наумовски19/05/2026 - 10:52

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он16/05/2026 - 17:13

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство

Горан Наумовски15/05/2026 - 14:08

Три лица се уапсени за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:3111/05/2026 - 15:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто