По паузата поради Светското првенство во Франција, ракометарите на Вардар денеска против Нексе ќе го одиграат првиот натпревар во 2017 година.
Воедно ова ќе биде последен меч за „црвено-црните“ пред својата публика во СЕХА лигата во првиот дел од сезоната.
За освојување на првото место на табелата и пласман на Ф4 турнирот на Вардар му требаат две победи од трите натпревари.
– Ова ќе биде прв натпревар по паузата и екипата долго време не била заедно, но тоа нема да биде проблем и мислам дека не треба тоа ништо да менува. Ние сме фаворитот во натпреварот, а играме и дома против Нексе. Тие се одлична екипа и ни правеле проблеми во минатото, но, играме дома. Сакаме да ја почнеме втората полусезона со победа и се надевам дека ќе го оствариме тоа, вели капитенот на екипата Стојанче Стоилов.
Натпреварот против Нексе ќе се игра во СЦ „Јане Сандански” со почеток во 17 часот и 45 минути.
Табела: Вардар 35 бодови, Веспрем 29, ППД Загреб 28, Мешков Брест 26, Целје 24,…