„По аболицијата на 56 носители на високи политички и државни функции, како и на нивните соработници, заштитата на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, давањето на мандатот на партијата која нема мнозинство во Парламентот, а по неуспешниот обид да формира Влада, да го условува СДСМ да докажува дека има мнозинство од 61 пратеник, се доволни причини, Ѓорге Иванов да се повлече од функцијата.
Тој е зрел за импичмент, но таква иницијатива ќе пропадне поради неможноста во Парламентот и Уставниот суд да се обезбеди дво-третинско мнозинство.
Можеби е подобро со локалните избори да се гласа и на референдум за смена на Ѓорге Иванов.
Во меѓувреме во текот на денешниот ден или утре, да се избере претседател на Собранието и веднаш по тоа и Влада. Само на тој начин ќе се стави крај на игрите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов“, соопштуваат од Демократскиот сојуз.