Мерките на Тодоров го загрижија Хелсиншкиот комитет

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права се вклучи во недоразбирањата меѓу Министерството за здравство и лекарите специјалисти кои денеска 22. ден штрајкуваа наспроти игнорирачкиот однос на министерот, Никола Тодоров.

Откако лекарите се обратиле кај нив за правна помош, тие доставиле писмо до Министерството во кое апелираат истото да престане да го попречува штрајкот и да ги повлече притисоците, заканите кон лекарите и политичкото етикетирање. Порачуваат министерот веднаш да започне итни преговори со Самостојниот синдикат во насока на смирување на лекарското незадоволство и измени во постечките колективни договори кои го осудија Самостојниот синдикат на нелегитимност во преговорите со министерот.

„Во услови кога македонското општество се повеќе се карактеризира како општество во кое слободата на изразување и слободата на медиумите, а воедно и правото на здружување се сериозно загрозени, Хелсиншкиот комитет смета дека последните постапувања на Министерството за здравство можат само уште повеќе да ја зајакнат таа перцепција и никако не придонесуваат во јакнењето на правната држава и почитувањето на човековите права“, стои во соопштението на невладината организација која ги штити човековите права.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски