МНР: Атина да не измислува закани, туку да го почитува правото

Од:

Да не се измислуваат закани, туку да се почитува правото и да се гради партнерство, се наведува во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи на изјавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас во однос на спорот за името дадена за време на посетата на Белград.

– Да не се измислуваат закани, туку да се почитува правото и да се гради партнерство. Секој човек во нашиот регион многу добро знае која е Грција, а која е Македонија. Закани за иредентизам нема и нема ниту да има од Македонија кон Грција. Подобро за сите ќе биде и да не ги измислуваме. Нашиот предлог е да градиме мостови, доверба и заеднички проекти во интерес на сите. Така и пристапуваме кон мерките за градење доверба, се наведува во реакцијата на МНР.

Воедно, се повикува Ципрас да се посвети на проекти меѓу двете земји.

– Би го повикале премиерот Ципрас да се посвети на проект повеќе меѓу двете земји. Од тоа, сите ќе имаме придобивки, наведуваат од МНР.

Грчкиот премиер Ципрас вчера на заедничка прес-конференција во Белград со претседателот на српската Влада Александар Вучиќ, рече дека „Атина сака да се реши проблемот, но оти е тешко е да се дојде до решение доколку некој инсистира на непријателски ставови и тежнее кон национализам“.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија