Во Берлин уапсени тројца членови на Исламската држава

Од:

Германската полиција вчеравечер уапси тројца мажи под сомнение дека имале блиски врски со терористичката организација Исламска Држава и дека планирале да патуваат на блискиот исток за да поминат воена обука, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Берлинската полиција за германските медуми потврди дека против тројца луѓе на возраст од 21, 31 и 45 години биле поднесени обвиненија за подготовка на „сериозни акти на насилна субверзија#, но властите немаат индиции дека уапсените подготувувале терористички напади во Германија.

Според весникот Билд, тројцата осомничени кои имале интензивни контакти со ченови на ИД во Сирија и Ирак често ја посетувале џамијата во берлинската населба Моабит каде што одел и напаѓачот на божикниот панаѓур во Берлин тунижанинот Анис Амри кој со камион усмрти 12 лица.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“