Љубчо Георгиевски: Мандатот треба да го добие СДСМ

Од:

Поранешниот премиер на Република Македонија, Љубчо Георгиевски преку Фејсбук статус се осврна на ситуацијата околу тоа на кого треба Иванов да го додели мандатот откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави влада.

Деновиве се спомнува само примерот кога претседателот Киро Глигоров два пати по ред им го даде мандатот на СДСМ. Не знам зошто се премолчува уште подрастичниот пример на кршење на Уставот од 1990 кога Киро Глигоров воопшто не го ни даде мандатот на победничката партија.

Имено, тој побара четири кандидати за премиери, скоро два месеца ја блокираше Македонија и на крајот Мандатот го даде на свој персонален кандидат господинот Никола Кљусев. Така што не можам да не консатирам дека сите можни прекрашувања на Уставот ги има промовирано СДСМ.

Пишувачите на Уставот и недореченоста на член 90 исто така е дело на експерти од СДСМ дали од неписменост или е подметната за игри во времето кога беа мнозинство. Така и тука нема на кого да се лутат.

Но независно од горе наведените факти има нешто се нарекува дух на европската демократија, незабранета уставна логика која функционира во парламентарната практика. Според неа, мандатот треба да го добие СДСМ, а ако не успее најмалку уште и ДУИ. Во спротивно предвремените парламентарни избори ја губат смислата, прво треба да го менуваме Уставот, па да одиме на избори.

Би можело да ве интересира

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски