Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек изјави денеска дека хакери успеале да упаднат во десетици и-мејл адреси во неговото министерство што според него, е слично како и хакерскиот напад врз американскат Демократска партија.
Заоралек истакна дека добил информации од безбедносните служби дека нападите се извршени од друга држава.
Тој додаде дека доверливите материјали од Министерството не се загрозени со нападите. Засега не се познати детали за нападот извршен врз МНР на Чешка.