(ВИДЕО) Милевски: Коалицијата „За живот во Македонија“да формира нова влада

Од:

„Коалицијата „За живот во Македонија“, е таа што заслужува да формира нова Влада во Македонија.

Таква е волјата на над 612.000 граѓани на Р.Македонија, кои избраа промени и крај на режимот на Никола Груевски и неговата Влада.

Се докажа дека Груевски не може да формира Влада!

Граѓаните од сите етнички заедници гласаа за промени и промени ќе има!
Согласно Уставот, Ѓорге Иванов треба мандатот да му го даде на лидерот на коалицијата „За живот во Македонија“, Зоран Заев да го состави новото парламентарно мнозинство.

Иванов не смее да се дрзне да оди спротивно на волјата на граѓаните. Недозволиво е тој да се однесува сервилно кон Груевски, да тактизира, да се сокрива и да се обидува да ја продлабочува политичката криза во државата.

Во Македонија итно мора да се формира реформска влада.

Груевски го доби одговорот од граѓаните и тој е должен да овозможи смена на власта како што побараа мнозинството граѓани.

Либерално-демократската партија, ќе биде дел од новата Влада предводена од Зоран Заев и со тоа ќе даде свој придонес во спроведувањето на итните реформи предвидени во извештаите на Прибе и на Европската комисија, како и реформите утврдени согласно Договорот од Пржино.

Новата Влада ќе му даде ветер во грбот и на Специјалното јавно обвинителство да гo расчисти скандалот со прислушувањето и направениот криминал.

Во оваа држава мора се врати владеењето на правото, да се реформира правосудниот систем, и еднаш за секогаш да се искорени груевизмот што Македонија ја претвори од демократија во хибриден режим“, изјави претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски