Почна реализацијата на проектот „Младински локален активизам“

Од:

Организацијата „Младите можат“ соопшти дека 40 млади на возраст од 16 – 22 години, жители на општина Ѓорче Петов или Аеродром, ќе добијат можност да бидат дел од проектот „Младински локален активизам“, да научат за концептот на волонтирањето, повеќе за тоа што е лидерство и да стекнат вештини за работа во тим.

Рокот за аплицирање завршува на 8 февруари во 16 часот.

Со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, од организацијата потсетуваат на важноста на волонтирањето и младинската работа како алатки за понатамошен развој.

Проектот ќе биде спроведен на 11 и 12 февруари со организирање дводневна обука за влијание во заедницата и детектирање на локални проблеми, на 18 и 19 февруари со дводневна обука за тимска работа и планирање на иницијатива и од март до мај со имплементација на локални иницијативи во општините Аеродром и Ѓорче Петров.

Повеќе информации за иницијативата „Make a change – Be a volunteer“ има на веб-страната на „Младите можат“, соопштија од организацијата.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош