Мјузиклот „Ла Ла Ленд“ на Дамиен Чазел е добитник на најважната награда на Здружението на американски продуценти (ПГА), со што го зацврсти својот статус на фаворит во натпреварот за Оскар.
Љубовната приказна за младата надежна актерка и џез музичар кои мора да избираат меѓу нив самите и остварувањата на своите соништа е номинирана за 14 оскари и веќе освои рекордни седум Златни глобуси.
Наградата на ПГА за најдобар филм доделена во саботата навечер по локално време во Лос Анџелес, е силен претсказател за Оскарот во истата категорија.
Иако минатата година продуцентите го наградија „Обложување на столетието“, а Оскарот замина кај „Под лупа“, во осум претходни години добитникот на наградата ПГА доби и Златна статуетка.
По продуцентите, награди ќе ги доделуваат и сценаристите, режисерите и актерите.