Трамп на 15 февруари ќе се сретне со Нетанјаху

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 15 февруари во Белата куќа, изјави портпаролот на Трамп, Шон Спенсер.

Нетанјаху демантираше дека сакал да ги навреди Мексиканците со пофалбата на идејата на Трамп да се постави ѕид по границата на САД со Мексико.

Израелскиот премиер го предизвика незадоволството на Мексико со коментар на Твитер во саботата во врска со намерата на Трамп.

„Претседателот Трамп има право. Изградив ѕид на јужната граница на Израел (со Египет). Тоа ја спречи целата незаконска имиграција. Голем успех. Чудесна идеја“, напиша Нетанјаху на Твитер.

Мексиканското Министерство за надворешни работи изрази „длабоко зачудување, осуда и разочарување“.

Нетанјаху истакна дека едноставно само му одговорил на Трамп, давајќи го за пример израелскиот ѕид на границата со Египет.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Трамп ги зголеми царините за Кина на 145 отсто

Горан Наумовски

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

ВИДЕО: Што ќе значи трговската војна на САД и Кина за светот