СДСМ Битола: До кога битолчани ќе бидат граѓани од втор ред во својот град?

Од:

„Вчерашните кадровски промени во Секторот за внатрешни работи во Битола, само го потврдуваат она за што СДСМ со години опоменува – за недомаќинското работење на ДПМНЕ и расипничкото трошење на
народните пари.

– Чудно, но за жал вистинито:

– Новиот началник на СВР Битола повторно не е битолчанец, и доаѓа од Ресен, а неговиот помошник од Дебрешта, Крушевско. Началникот на униформирана полиција е од Демир Хисар, а потпаролот исто така од Ресен.

– Дали овие функционери од битолската полиција секој ден со службени возила се носат на работа и се
враќаат дома во другите градови?

– Доколку е така, само во еден ден се прават стотици километри, односно месечно битолските полициски возила прават десетина илјади километри, за да ги донесат на работа функционерите, кадри на ДПМНЕ.

– Од друга страна СВР Битола трупа долгови за неплатени сметки, а граѓаните пак, ни се жалат дека кога ќе побараат интервенција од полицијата – за нарушен јавен ред и мир, за кражби и слично, од полицијата им велат – „Дојдете со ваше возило ако сакате да извршиме увид бидејќи немаме гориво”.

– Господа од ДПМНЕ – зарем Битола нема заслужни и вредни граѓани кои можат да ги раководат овие сектори, па сте донеле кадри од други места. До кога со оваа Ваша политика, битолчани ќе бидат граѓани од втор ред во својот град?

– До кога немилосрдно ќе ги расфрлате парите собрани од граѓаните на Битола? До кога кадрите на ДПМНЕ од други градови ќе доааѓат и на заминување ќе оставаат пустош во Битола ?

– Затоа, почитувани сограѓани, во Ваш интерес СДСМ и Сојузот за иднината ќе продолжат да го демаскираат ваквото расипничко работење и да ја делегитимираат оваа неодговорна власт до наредните локални избори во март 2013 година“, изјави претседателот на ОО СДСМ Битола, Васко Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите